Nokia J - Информации за батеријата и полначот

background image

Информации за батеријата и полначот
Овој уред има внатрешна батерија која не се отстранува и која повторно се полни. Не обидувајте се да ја отстраните

батеријата од уредот бидејќи може да го оштетите уредот.

Овој уред е наменет за користење кога се снабдува со енергија од следниве полначи: AC-10, AC-6, DC-10, DC-6, DC-11,

DC-11K, DT-600 и CA-146C . Точниот број на моделот на полначот може да варира во зависност од типот на приклучокот.

Варијантата на приклучокот се идентификува со еден од следниве: E, X, AR, U, A, C, K или B.

Батеријата може да се полни и празни стотици пати, но на крајот таа ќе се истроши.

Времињата на зборување и мирување се само проценки. Вистинските времиња зависат од, на пример, прилагодувањата

на уредот, карактеристиките кои што се користат, состојбата на батеријата и температурата.

Ако некоја батерија не е користена подолго време, за да започнете со полнење може да е неопходно да го приклучите

полначот и потоа да го исклучите и повторно да го вклучите.

Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред да се покаже индикаторот за полнење.

Кога полначот не е во употреба, отстранете го од електричниот приклучок и од уредот. Не оставајте ја целосно

наполнетата батерија поврзана за полначот, затоа што преполнувањето може да го скрати животниот век на батеријата.

Ако не се користи, целосно наполнетата батерија ќе го изгуби своето полнење со текот на времето.

Секогаш чувајте ја батеријата помеѓу 15°C и 25°C (59°F и 77°F). Екстремните температури го намалуваат капацитетот и

животниот век на батеријата. Уредот со жешка или ладна батерија може привремено да не работи.

Не фрлајте ги батериите во оган бидејќи може да експлодираат. Фрлете ги батериите во согласност со локалните

регулативи. Рециклирајте кога е можно. Не фрлајте ја како отпад од домаќинството.

Користете го полначот само за наменетата цел. Несоодветното користење или користењето на неодобрени полначи

може да претставува ризик од пожар, експлозија или други опасности и може да го поништи одобрението или

гаранцијата. Ако сметате дека полначот е оштетен, однесете го во сервисен центар на проверка пред да продолжите да

ги користите. Никогаш не користете оштетен полнач. Полначот користете го исклучиво во затворен простор.

9