Грижа за Вашиот уред
Внимателно ракувајте со Вашиот уред, батерија, полнач и додатоци. Следниве предлози Ви помагаат да ја заштитите
важечката гаранција.
•
Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите типови на течности и влага може да содржат минерали што
предизвикуваат корозија на електронските кола.
•
Не користете го и не чувајте го уредот во прашливи или нечисти места. Подвижните делови и електронските
компоненти може да се оштетат.
•
Не чувајте го уредот на високи температури. Високите температури може да го намалат животниот век на уредот,
да ја оштетат батеријата или да ги искриват или растопат пластичните делови.
•
Не чувајте го уредот на студени температури. Кога уредот ќе се затопли на својата нормална температура, во
внатрешноста на уредот може да се формира влага и да ги оштети електронските кола.
•
Не обидувајте се да го отворите уредот.
•
Неодобрените модификации може да го оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио уреди.
•
Не испуштајте го, не удирајте го и не тресете го уредот. Грубото ракување може да ги скрши внатрешните плочки
на колата и механиката.
•
Користете само некое нежно, чисто, суво платно за да ја исчистите површината на уредот.
•
Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави подвижните делови и да спречи правилно функционирање.